HomeАктуелноВо Куманово ноќеска пожарникарите гаснеле запален автомобил

Во Куманово ноќеска пожарникарите гаснеле запален автомобил

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во текот на изминатото деноноќие, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ноќeска од 02:55 до 03:55 часот пожарникарите гаснеле автомобил на улицата „Никола Карев“. Во село Брзак синоќа горело стрниште и сува трева на приближно два хектари. Пожарникарите го гаселе од 19:55 до 22:05 часот.

Вчера во попладневните часови горела сува трева на локалитетот „Менкова Колиба“.  Од 17:25 до 18:05 часот пожарот се гасел со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.