HomeАктуелноВо кумановските села Јачинце и Романовце горела сува трева и стрниште

Во кумановските села Јачинце и Романовце горела сува трева и стрниште

Кумановските пожарникари изминатово деноноќие гаснеле сува трева и стрништа во две одделни села, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Двата пожари се случиле во попладневните часови, првиот во село Јачинце во периодот од 14 до 15:40 часот, а вториот во село Романовце од 18 до 19 часот.

На двата пожари било интервенирано со по едно возило и со двајца, односно четворица пожарникари.

Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале и на пожар на контејнер во центарот на градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.