По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија православните верници од Охрид во петок од 13:00 часот, традиционално ќе се соберат на црковно народен собир во црквата во туристичката населба Лагадин.
Трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија заради својата вера и љубов кон Христа биле погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христос за време на владеењето на императорот Хадријан. Во овој период врз христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашло и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка за потоа да им бидат отсечени главите.
Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.
