HomeАктуелноВо пожар во дом за стари лица во Милано загинаа 6 лица, а над 60 се повредени

Во пожар во дом за стари лица во Милано загинаа 6 лица, а над 60 се повредени

Шест лица ги загубија животите, а најмалку 68 се повредени во пожар во пензионерски дом во Милано во текот на ноќта, соопштија италијанските служби за итни случаи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лука Кари, портпарол на националната противпожарна служба, ја потврди бројката на загинати, додавајќи дека тројца од повредените се во критична состојба, 15 се со сериозни, но не со опасни по живот повреди, додека 50 лица се здобиле со полесни повреди.

Тој рече и дека пожарот е изгаснат и дека е отворена истрага за причините за пожарот.

Градоначалникот на Милано ,Џузепе Сала изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но потоа бил испуштен отровен чад.

Според медиумите, пожарот избувнал вчера нешто пред полноќ во дом за стари лица во југоисточниот милански кварт Корвето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.