HomeАктуелноВо пожар во Москва загинаа најмалку седум луѓе

Во пожар во Москва загинаа најмалку седум луѓе

Најмалку седум лица загинаа во вчерашниот пожар што избувна во магацин за цвеќе во Москва, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Седум работници се спасени од пожарот, што беше изгаснат по неколку часа. Во гаснењето на огнот што зафати околу 2.500 метри квадратни учествуваа три хеликоптери, противпожарен воз и 80 пожарникари.

Според првичната истрага причина за пожарот е дефект на електричниот систем за греење на магацинот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.