ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари – активни се уште шест
Во текот на вчерашниот саботен ден според извештаите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, интервенирале на 39 пожари – од коишто до утрово активени се уште се шест.
Активните шест пожари се во три општини: – Општина Македонски Брод, кај с.Белица, месност „Аргулица“, под Солунска гХлава (каде што гори ниско стеблеста шума и пасиште); – Општина Прилеп,4, кај с.Алинци (депонија); с,Шелеверци(ниска вегетација), с.Мало Рувци (нискостеблеста шума, трева, грмушки, букова шума и ниска вегетација), с.Веселчани и кај с.Старо Лагово (ниска вегетација) и во – Oпштина Велес, пожар на ридот во населба „Превалец“, каде што гори гори ниска вегетација. Изгаснати 33 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, депонии, а и трска, биле во општини: – Општина Студеничани с. Осинчани (каде што горела ниска мешана шума и сува трева); – Општина Бутел, с. Визбегово (ниска вегетација); – Општина Гази Баба, с.Јурумлери (депонија); – Општина Сопиште, с.Света Петка (депонија); – Општина Долнени, 2 с.Житоше и с.Рилево (ниска вегетација); – Општина Демир Хисар, с. Рактиница (сува трева); – Општина Битола, ул.Девеани (депонија); – Општина Струмица, с.Водоца (ниска вегетација и прнар); – Општина Дојран, с.Црничани (ниска вегетација); – Општина Валандово, с.Чалакли (Ниска вегетација и прнар); – Општина Босилово , с,Турново – с.Секирник (сува трева); – Општина Дојран, с.Фурка (ниска вегетација); – Општина Ново Село, с.Зубово (ниска вегетацијаа); – Општина Куманово 3, с.Речица, с.Тромеѓа и Пчиња (ниска вегетација); – Општина Липково, с.Никуштак (ниска вегетација); – Општина Крива Паланка, с.Жидилово, м.в.Цоневци (борова и дабова шума); – Општина Охрид, нас. Воска (трска); – Општина Кичево, с.Зајас (ниска вегетација); – Општина Чашка, 2 с.Ногаевци и „Стари Град“ (ниска вегетација, капини, и грмушки); – Општина Карбинци, с.Ратево (ниска вегетација); – Општина Свети Николе, с.Сарамзалино (ниска вегетација); – Општина Тетово 3 , Ф-ка „Профикс„кај Ски Центар – над шестоседната жичницата ( ниска вегетација Депонија) и кај с.Рогле (ниска вегетација). – Општина Брвеница, патот, Брвеница – Радиовце (ниска вегетација); – Општина Гостивар, 3, кај с.Равен, с.Ломница и кај с.Санакос (сува трева).
