СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога Марихуана, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
