На 29.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за
криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје
и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во
координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје
лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје.
По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја
препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е
претрес во домот во кој живее и помошна просторија-гаража, при што се
пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1
пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од
марихуана.
По документирање наслучајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
