HomeАктуелноВо Скопје денеска посебен режим на сообраќај

Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка на 10 километри насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на бул.„Илинден“– локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до Влајков мост каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз повторно се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници каде што ќе се одвива настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.