HomeАктуелноВо сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот

Во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир  Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.

Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, рече портпаролот Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.