Уште една сообраќајка се случи утрово во скопски Чаир во која животот го загуби 75-годишен возач.
Во сударот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици кое било управувано од М.Д.(75), комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици кое било паркирано и по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С..
Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт на лице место кај М.Д..
Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје.
