HomeАктуелноВо тек е исплатата на МојДДВ

Во тек е исплатата на МојДДВ

ВО ТЕК Е ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ ЗА СКЕНИРАНИ СМЕТКИ ВО ПЕРИОД ОКТОМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2024 ГОДИНА
За скенираните сметки во период октомври –
декември кон 496,543 корисници во тек на февруари ќе бидат исплатени над 870 милиони денари по основ на МојДДВ
Во системот на Управа за Јавни Приходи – УЈП, за четвртиот квартал за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци
со што не можат да им бидат исплатени средствата.
Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата на средствата за претходни тримесечја, треба да проверат дали во апликацијата имаат
оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.
Најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:
❌Погрешно внесена трансакциска сметка
Внесена трансакциска сметка на друго лице
Наместо трансакциска сметка внесен
број на платежна картичка
⚠️Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната.
Законскиот рок за реализација, односно исплата на повратот на МојДДВ за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.
Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали.
Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви:
Од фиксна линија: 0800 33 000
Од мобилен телефон: 02 3253 200
За дополнителна поддршка, контактирајте нè на:
info@ujp.gov.mk. – информараат од МојДДВ
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.