HomeАктуелноВо фабрика за марихуана во Охрид пронајдена непријавена наркотична дрога со висок квалитет

Во фабрика за марихуана во Охрид пронајдена непријавена наркотична дрога со висок квалитет

На 03.08.2022, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид, информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на контролата на документацијата и производите од канабис било констатирано дека во правниот субјект фигурира непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција. Наркотичната дрога е одземена и со наредба од надлежен Јавен обвинител ќе биде предадена на вештачење,додава Димоски.

 

По комплетирање на случајот, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело, се вели во информацијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.