HomeАктуелноВо штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки

Во штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки

Украдени се бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри во модуларната болница, во кругот на Клиничка болница-Штип. Кражбата се случила пред неколку денови за што потврдува и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Кражбата во Полициската станица-Штип е пријавена на 25 ноември, кога вработен во болницата забележал дека вратата на модуларната болница е отворена, по што е констатирано дека крадци оперирале во неа и успеале да украдат бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Портпарлот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека според пријавата кражбата се случила меѓу 22.30 и 23.00 часот на 24 ноември. Увид извршиле полициски службеници и се работи на расчистување на кражбата.

По овој успешен обид на кражба на бакарни цевки, во март годинава имаше обид за кражба на бакарна цевка од боца за кислород во гас централата, што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Тогаш крадецот се уплашил од шуштењето на воздухот, со што штетата не беше направено. Штипската модуларна болница е затворена и во неа се хоспитализираат пациент. Оваа зграда е одалечена од останатите згради на болницата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.