HomeАктуелноВработените на Клиничката болница Жан Митрев донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина

Вработените на Клиничката болница Жан Митрев донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина

Вработените на Клиничката болница Жан Митрев, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина BloodBank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ваквите акции што се спроведуваат редовно во Клиничката болница Жан Митрев, имаат големо влијание и придонесуваа за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство. Со масовното учество и во оваа крводарителска акција вработените уште еднаш покажаа дека како колектив поседуваат високи етички, хумани и морални вредности.

Во доброволната акција еднакво се вклучија и членовите на потесните семејства на вработените и се солидаризираа и тие доброволно даруваа крв.

Крводарителската акција се спроведува редовно и премина во традиција која ја поддржуваат и се вклучуваат сите вработени. Се организира согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Институтот за трансфузиона медицина „Bloodbank – TENK“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.