HomeАктуелноВремето денес променливо облачно, викендов пораст на температурата

Времето денес променливо облачно, викендов пораст на температурата

Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица. Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.