HomeАктуелноВремето денес: Сончево и потопло време со..

Времето денес: Сончево и потопло време со..

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, додека максималната од 19 до 26 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови се очекува зголемување на облачноста. Во петок попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а услови за локален дожд ќе има и во сабота, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.