HomeАктуелноВремето денес ќе биде сончево и релативно топло

Времето денес ќе биде сончево и релативно топло

Времето утрово ќе биде студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Од утре до сабота ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, што ќе предизвика дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.