HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 16 степен.

Од УХМР посочуваат дека денеска температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни вечер и утре преку ден.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.