HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Охрид времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.