Во Охрид денеска сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.
