Во Охрид денеска сончево и топло време со умерена локална облачност.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– Денес и утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето, информираат од УХМР.
