Во Охрид денеска претпладне сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури, информираат од УХМР. (
