HomeАктуелноВршење јавен превоз без лиценца во Охрид

Вршење јавен превоз без лиценца во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Џ.(45) од Охрид и Н.П.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд“ и комбе „Форд Транзит“ што ги управувале пријавените, и констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај,  издадена од надлежен државен орган, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.