HomeАктуелноВтор круг за градоначалник ќе има во четири Скопски општини

Втор круг за градоначалник ќе има во четири Скопски општини

Државната изборна комисија до утрово ги преброја сите гласови во општините на Град Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров убедлива победа однесоа актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски.

Кисела Вода ќе добие нов градоначалник откако Бети Стаменковска Трајкоска победи убедливо на вчерашните избори.

Во Чаир во првиот круг победи Изет Меџити од ВРЕДИ освојувајќи 51.82% од гласовите, додека во Сарај ВРЕДИ исто така доби градоначалник во името на Мухамет Елмази.

Во Карпош, Аеродром, Центар и Шуто Оризари ќе се гласа повторно за две недели.

Во Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски има предност пред Стевчо Јакимовски, во Центар во првиот круг води актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

Во Аеродром во вториот круг ќе се соочат Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, додема во Шуто Оризари битката за градоначалник во втор круг ќе ја водат актуелниот градоначалник Курто Дудуш и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.