Сопствениот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица и првоовинет за случајот, Дејан Јованов Деко во сабота излегува од притвор.
Судот на 3 октомври ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.
Неговата одбрата најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200.000 евра, за јавноста да биде уверена дека тој нема да избега од Македонија, иако таа не е задолжителна, бидејќи законски Јованов максимумот што може да седи во притвор е една година која истекува за три дена.
Списите за гаранцијата се уште се во Јавното обвинителство на мислење, а без да бидат вратени во Кривичен, судот не може да одлучи по гаранцијата.
Утре судскиот процес продолжува во нова фаза, со изведување докази на одбраната.
