во населбата Драчево во Општина Кисела Вода беше означен почетокот на изградбата на крст кој ќе биде втор по големина во Македонија, по Милениумскиот на врвот на Водно.
Ќе биде изграден и ставен во функција за четири месеци во Паркот на бранителите, а ќе има висина од 63,5 метри. Подножјето ќе биде уредено со содржини кои ја карактеризираат Македонската Православна Црква.


Историјата се пишува за големи дела, а ние сме тие кои ги создаваме. Од денес, ова е свето место. Сигурен сум дека оваа локација ќе им биде омилена на нашите жители, дека ќе биде атрактивна дестинација за туристите, и секако, ќе биде значајно одбележје на Драчево, но и на цела Кисела Вода. Пред 20 години, се изгради Милениумскиот крст на Водно. Две декади подоцна време е да го препознаеме и искористиме потенцијалот и на оваа локација – напиша Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода на својот Фејсбук профил.
