HomeАктуелно(ГАЛЕРИЈА) Први април, денот на шегата и денот на Архивот, посетете го и патувајте низ временскиот период

(ГАЛЕРИЈА) Први април, денот на шегата и денот на Архивот, посетете го и патувајте низ временскиот период

Архивот од Охрид по повод – „Денот на Архивот -1 ви Април“ утре  од 11 часот во тераса Аквариус (поради временските услови) ќе постави фотографски поставки кои ќе го презентираат славењето на „21 март денот на пролетта“ и „1 април – денот на шегата“ од страна на дечињата од училиштата и градинките во градот Охрид за временскиот период од 1955 – 1965 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На овој начин сакаме да направиме компарација со некогашното дефиле и денешното кога дечињата од градот Охрид се маскирале дочекувајќи ја пролетта или денот на шегата.
Напоменуваме дека ќе има за посетителите и примероци од книгата „АРХИВ(ИСТИКА) на доц. д-р. Никола Митровиќ Бабе и примероци од изданието на „Македонски архивист“, велат од Државниот архив на Република Северна Македонија – Подрачно одделение Охрид.

Меѓудругото, Државниот Архив имаше ОТВОРЕНА НЕДЕЛА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ, по повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив ги отвора вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат нашите нови изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии. – истакнаа од таму

Посетителите ќе добијат и подарок од Државниот архив – Каталог од изложбата ,,150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022” и примерок од најновиот број на нашето списание ,,Македонски архивист”.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.