HomeАктуелноГерила акција на волонтери од Црвен крст за борба против трговијата со луѓе

Герила акција на волонтери од Црвен крст за борба против трговијата со луѓе

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во соработка со СВР Охрид перформансот го изведоа во спортската сала на училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, каде учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од некои од најважните факти за трговијата со луѓе, информираат од Црвен крст.

Додаваат дека целта на овој перформанс била да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.