HomeАктуелноГерманската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци

Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија.

Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница.

Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.