HomeАктуелноГолем ден за Охрид: По 65 години повторно ќе биде претставена уникатната мозаична икона „Исус Христос на престол“

Голем ден за Охрид: По 65 години повторно ќе биде претставена уникатната мозаична икона „Исус Христос на престол“

По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство.

Настанот е дел од програмата со која се одбележува 75-годишниот јубилеј на музејската дејност во Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.