БППЗ Скопје со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата.
Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек.
Постојат сомненија дека пожарот е предизвикан намерно, информираат од ДЗС.
