HomeАктуелноГолем пожар на патот кон Блаце – огнената стихија се движи кон шума, активни пожари низ цела држава

Голем пожар на патот кон Блаце – огнената стихија се движи кон шума, активни пожари низ цела држава

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на самото место каде што се наоѓаат  и припадници на полицијата, а известени се и ЕЛС Чучер Сандево и ЈП Караџица.

ЦУК информира дека до 13 часот низ државава се евидентирани четири  активни пожари на отворен простор и еден локализиран.

Активни се пожарите во прилепското село Бешиште, каде што гори приземна квалитетна мешана шума, ниска вегетација е опожарена кај гробиштата Прилеп, активен е пожарот во село Црешнево, место викано Церо Поле во општина Македонски Брод, каде што е зафатена деградирана дабова шума и грмушки, и пожарот во општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – шумски пожар, без активен пламен, има чад на карпест терен.

Локализираниот е пожар на депонија во Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.