HomeАктуелноГрадежната офанзива за градење на коридорите почнува во јули – Паралелно ќе се гради автопатот Битола-Прилеп и Гостивар кон Букојчани

Градежната офанзива за градење на коридорите почнува во јули – Паралелно ќе се гради автопатот Битола-Прилеп и Гостивар кон Букојчани

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми на Телма вчера соопшти дека изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д почнува во јули.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истовремено ќе почнеме од Гостивар кон Бојкочане и од Гостивар кон Тетово, но и Прилеп – Битола. Потоа ќе почнеме со Требеништа – Струга – Ќафасан. Тоа ќе биде во декември оваа година – реплицираше Рустеми.

Тој додаде дека првите проекти се очекува на маса да бидат во јуни, по што би биле разгледани и одобрени а изградбата на автопатите да почне кон крајот на јули.

Според пратеникот од СДСМ Миле Талески проценката е дека ќе чини 1,3 милијарди евра, а ако не се променат законите, проектот би траел многу повеќе и би коштал многу повеќе.

Најголема лага е дека ќе има пенали, пенали нема да има, продолжувањето на времето за реализација на овој проект, кој што го гради една од најренимираните компании во светот, америкаската компанија Бехтел, во конзорциум со турската компанија Енка, ќе чини повеќе и изградбата ќе трае подолго, дециден беше Талески.

Проектот за коридорите е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура.

Преку делниците од коридорите 8 и 10д, Северна Македонија станува уште позначајна регионална и транспортна рута.

За овој проект во Буџетот веќе се предвидени 244 милиони евра за годинава.

Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и на делницата Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.