HomeАктуелноГрад и грмотевици среде зима, силно невреме го погоди Охрид,

Град и грмотевици среде зима, силно невреме го погоди Охрид,

Охрид среде зима ноќеска и утрово беше погоден од силен град кој неколку минути интензивно паѓаше. Невремето беше проследено со силен ветер, дожд и јаки грмотевици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Температурата на воздунот утрово е 14 степени целзиусови, додека во текот на вчерашниот ден таа се искачи до 18 степен, па веројатно затоа наместо снег падна град.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и посвежо време. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.