HomeАктуелноГраѓаните револтирани ги бојкотираа маркетите – Се огласија и од владата!

Граѓаните револтирани ги бојкотираа маркетите – Се огласија и од владата!

Полупразни маркети на последниот ден од јануари, граѓаните одлучија да го бојкотираат пазарувањето, револтирани од високите цени. Наместо зеленчук од супермаркет, купуваа од пазар, леб земаа од пекара, а некои целосно се откажаа од денешното пазарење. Сепак, имаше и такви што останаа верни на маркетите и решија да си пазаруваат како и секој ден. Дел од граѓаните сметаат дека бојкотот ќе биде лекција за трговците, но други велат – рибата мириса од главата, а без казни поскапувањата ќе продолжат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ќе има драконски казни, со остра порака, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска им се закани на трговците, барајќи строго почитување на законите. Најави дека веќе се одобрени нови вработувања во Инспекторатите и Комисијата за заштита на конкуренцијата за почести и поефикасни контроли.

Премиерот Мицкоски вели дека поединечни трговци прават злоупотреби и дека преку дијалог мора да се најде решение.

Дали бојкотот бил успешен или не, утре ќе покажат податоците од УЈП според бројот на издадени фискални сметки. Денешниот ден веќе доби обележје црн петок за трговијата, а освен во Македонија ланците на маркети се бојкотираат и во сите земји од регионот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.