HomeАктуелноЗголемено полициско присуство на „Рекорд“ поради нарушен ред и мир од навивачка група

Зголемено полициско присуство на „Рекорд“ поради нарушен ред и мир од навивачка група

Попладнево во центарот на Скопје навивачи на грчкиот женски ракометен клуб ПАОК предизвикале помал инцидент. Тие симнале од автобусот кај Рекорд, а потоа се упатиле кон плоштадот и по пат дошло до вербален судр и физички нападнале момче кое носело дрес на македонскиот клуб Вардар. МВР ги потврди овие информации. Полицијата брзо реагираше и ги врати навивачите во автобусот.
Според сведоци на настанот, грчките навивачи влегле во продавница и украле неколку шишиња со вода по што дошло до вербална пресметка со продавачката.

Навивачите на ПАОК биле задржани во полициската станица во Центар и го пропуштиле натпреварот на нивниот клуб против Металург.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Навивачката група била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.