HomeАктуелноДве лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Ресен-Охрид

Две лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Ресен-Охрид

На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило
„фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р.  констатирани се тешки телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.