HomeАктуелноДел од Македонија повторно без струја

Дел од Македонија повторно без струја

Дел од Македонија повторно остана без струја. По прекинот во неделата, поради висок напон, денеска Кочани, Струмица, нивната околина и овчеполието, час и половина беа без електрична енергија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МЕПСО нема информации за причината за испадот, но заменик министерот за енергетика вели дека највероајатно се работи за истиот проблем како од пред два дена – поголемо произвдоство,  а помала потрошувачка.

Испадот најверојатно се случил поради висок напон, однсно неможнста да се прими електричната енергија од големиот број инсталираи фотоволтаици, вие знаете деке цело Кочани е на фотоволтаици, а мала потрошувачка. Ние немаме гоелми индустриски капацитети кои трошат многу струја, така што, да го чекаме извештајот кој МЕПСО треда да го достави во рок од 7 дена, па ќе знаеме за што точно станува збор, Инаку не можеме да предвидиме дали и во иднина би се случиле вакви испади, изјави Мирослав Лабудововиќ, заменик министер за енергетика.

Во новиот Закон за енергетика пропишано е задолкжително обновување на мрежата на МЕПСО во наредните години, а ќе се знае и кои инвеститори во обновливи извори ќе можат да бараат приклучок. Законот ќе овозможи и регулација на батериските системи за складирање на вишоците произведена струја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.