HomeАктуелноДемократски сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот клуб во Бугарија

Демократски сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот клуб во Бугарија

– Делегација од Демократски сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, потврдија денеска од партијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, велат од ДС, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

– Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Покана за присуство добил и претседателот на државата Стево Пендаровски, но како што известија од неговиот кабинет, поради претходно преземени обврски, претседателот нема да биде во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски.

На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев и Христијан Мицкоски кој пак ќе биде придружуван од пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.