Богородичниот пост трае 14 дена – се практикува физички и духовно, а еве што е најважно!
На 14 август започна Богородичниот пост, кој е посветен на Богородица, а припаѓа на еден од четирите големи пости кои православните верници ги практикуваат во текот на годината.
Започнува на празникот на Светите маченици Макавеи, а завршува на празникот Успение на Пресвета Богородица, односно на 28 август. Се причестуваат верниците кои постеле до овој празник, а уште од античко време се верувало дека на овој ден треба да се причестуваат мајките и децата. Исто така, овој пост особено го почитувале жените уште од нашите предци.
Последната недела од Богородичниот пост започнува на 22 август.
Богородичниот пост трае 14 дена, но е еден од најстрогите пости.
Последните 7 дена се препорачува постење на вода.
Во постот телото се чисти со храна, а со позитивни мисли, молитва, заедништво и добри дела го чистиме срцето и покажуваме дека ЉУБОВТА ни е најважна.
Извор: najzena.rs
