HomeАктуелноДенес е Светскиот ден на дијабетесот

Денес е Светскиот ден на дијабетесот

Денес е Светскиот ден на дијабетесот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Светскиот ден на дијабетесот беше создаден во 1991 година од страна на Интернационалната федерација за дијабетес и Светската здравствена организација како одговор на зголемената загриженост од ескалацијата и заканата по здравјето што ја предизвикува дијабетесот. Светскиот ден на дијабетисот стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации и се одбележува секоја година на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој ко-открил инсулин со Чарлс Бест во 1922 година.

Под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“ денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го одбележи 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Вообичаени симптоми на дијабетес се зголемена жед и потреба за уринирање, додека невообичаените симптоми на дијабетес вклучуваат болести на непцата или промени во слухот.

Колку побрзо се постави дијагноза, толку побрзо може да се започне и со лекување и со тоа да се придонесе за намалување на ризикот од развој на компликации. Токму затоа е важно да знаете кои се необичните симптоми на дијабетес на кои треба да обрнете внимание.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.