HomeАктуелноДЗС: Зголемен број на склучени бракови, но и понатаму природниот прираст е негативен

ДЗС: Зголемен број на склучени бракови, но и понатаму природниот прираст е негативен

Природниот прираст во негатива од 711 лица во вториот квартал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

 

Во Охрид во овој период живородени се 95 деца, бројот на умрени лица е 142. Со ова природниот прираст е во негатива 47 лица. Во Струга живородени се 131 дете, додека починати се 85 лица и со ова бележи позитивен прираст од 46 лица. Склучени бракови во овој период во Охрид се 118, а разведени 23, додека во Струга 84 склучени и 72 разведени бракови.

 

извор: ДЗС

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.