HomeАктуелноДолг аплауз за македонскиот балет во Пловдив

Долг аплауз за македонскиот балет во Пловдив

Вечерва во Домот на културата “Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, гостуваше Националната опера и балет на Република Македонија со балетската претстава “Госпоѓиците од Авињон”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет.

Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.