HomeАктуелноДоминантен настап на охридските гимназијалци на Првата национална Олимпијада за Вселената

Доминантен настап на охридските гимназијалци на Првата национална Олимпијада за Вселената

Доминантен настап на охридските гимназијалци на Првата национална Олимпијада за Вселената која се одржа во Касарна Хаб.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На олимпијадата доминантно учество имаа учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и ги освоија речиси сите награди во конкуренција на средните училишта од југозападниот регион, велат од охридската гимназија.

Прва награда: Нина Стевоска и Горазд Блажески со темата „Супернова“.

Втора награда: Нина Нелоска и Сара Ристеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Менка Г ореска.

Втора награда: Јована Димоска, Јана Петанова и Теодора Трајческа со темата: „Истражување за BallonSat“– ментор проф. Јасмина Јанева.

Трета награда: Митко Савев и Софија Милеска со темата „Човекот не е единствениот виновник за климатските промени“– ментор проф. Јасмина Јанева.

Трета награда: Кристијан Шишкоски, Ева Китрозоска и Маја Наумоска со темата „Ахил и границите на Универзумот“ – ментори проф. Јасмина Јанева и проф. Марија Сиљаноска.

Специјална награда INTERSTELLAR STEAM GIRLS TEAM: Јована Симоноска и Ивана Скоклеска со изработен стрип во предизвикот „Патување од Земјата до Марс“ – ментор проф. Марија Сиљаноска.

Со извонредни настапи пред комисијата се претставија и тимовите: Стефани Крстиќ и Леа Дојчиноски, Мелани Котоска, Марија А. Николоска и Николина Бутеска и Ѕвездан Јончевски, Катерина Балева и Петар Јончески под менторство на Дарко Цветкоски кој, за време на презентациите, беше и техничка поддршка на сите тимови, додаваат од охридската гимназија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.