HomeАктуелноДонирани финансиските средства од вториот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2023

Донирани финансиските средства од вториот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2023

Донирани финансиските средства од Вториот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2023, финансиските средства беа доделени во Центарот за аутизам во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Донирани 61.000 денари во Центарот на аутизам – Охрид од страна на ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид.

Имено, финансиските средства беа собрани на Вториот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2023, кој се одржа на 10.06.2023 година.

Покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

Oва е втор хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција, турнирот е одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат организаторите, велат организаторите.

Сите собрани средства беа донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

Среќни сме што настанот прераснува во една убава традиција и тоа што финансиските средства се донирани онаму каде што се најпотребни во овој момент.  Street Basket 3х3 „Од деца за деца“, со самото име  кажува што е целта на овој настан, децата преку духот на хуманоста играа за други деца, додаваат организаторите.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.