HomeАктуелноДојави за бомби во девет средни училишта во Скопје и во Народна банка

Дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје и во Народна банка

 – Во СВР Скопје утрово околу 09.45 часот било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираа денеска од МВР.

И од НБРСМ исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.