HomeАктуелноДо каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Царина во акција, еве каде беа сокриени девизите [ВИДЕО]

До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Царина во акција, еве каде беа сокриени девизите [ВИДЕО]

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.