HomeАктуелноДо утревечер да не ја користат водата без превривање, еве за кој локации важи ова

До утревечер да не ја користат водата без превривање, еве за кој локации важи ова

Крушевчани задолжително да ја превриваат водата од градскиот водовод, или, воопшто да нбе ја употребуваат за пиење, апелираат од крушевското јавно претпријатие „Комуна“. Ова да се почитува до утревечер до кога ќе се санира ситуацијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што објаснуваат од претпријатието, истекувањето на нечиста вода е предизвикано поради неисправен вентил при миењето на резервоарите.

Се работи на санација и поради тоа има краток прекин на водоснабдувањето за жителите кои живеат на осум улици: „Томе Никле“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Манчу Матак“, „Партизанска“ и на улицата „Питу Гули“.

Јавното претпријатие на крушевчани им се извинува за непријатностите и апелира на почитување на препораките.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.