HomeАктуелноДПИ на терен: Контролираме цени по Одлуката на Влада!

ДПИ на терен: Контролираме цени по Одлуката на Влада!

Соопштение од страна на Државниот пазарен инспекторат

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од денес влегувaат во сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и и Одлука за утврување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и трговија на мало, a ќе траат до 30 април 2025 година.

Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитна маржа во трговија на големо и трговија на мало, се ограничува бруто профитната маржа во трговија на големо и трговија на малона 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа:

5% бруто профитна маржа на основите осум прехранбени производи (млеко,леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко).

10% бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранби производи (месо и преработкиодмесо, шеќер,млечнипроизводи, маргарин, путер, конзервиранизеленчук иовошје, грав, ориз, тестенини)

15%  бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго)

Согласно Одлуката за утврување на највисоките цени за одделни производи во трговија на големо и трговија на мало, утврдени се највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи производи (млеко,леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и киселомлеко) во трговија на големо и трговија и трговија на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.

Исто така согласно Одлуката за ограничување на бруто профитна маржа во трговија на големо и трговија на мало, трговците имаа обврска производите кои се опфатени во истата и кои кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавенна веб –  страницата на Министерството за економија и труд.

Трговците за вршење дејност трговија на големо и мало имаат обврска производите кои се содржани во Одлуката да ги прибавуваат и  продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во месец јануари 2025 година.

Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две Одлуки се движат од 500 до 10.000 евра.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од денеска се на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките во рамки на нивните надлежности.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.